• Следи нè на:
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube

Скопје Филм Фестивал

Брошура.pdf
Календар на настани.pdf
Програма Милениум.pdf
Програма Рамстор 1.pdf
Програма Рамстор 2.pdf

Во тек на девет фестивалски дена, под мотото „Целосен филмски третман“, на македонските филмофили ќе им бидат прикажани над 70 филмски остварува
ља со најразлична тематика и жанр. За првпат оваа година се воведува и натпреварувачка програма за едноминутен аматерски филм на тема - комуникации    

Vip оператор е официјален партнер на годинешниот Скопски филмски фестивал кој по 11-ти пат, од 29 март до 6 април, ќе се одржи во македонскиот главен град. Во 9-те фестивалски денa се очекува над 25 илјади љубители и почитувачи на филмскатата уметност да добијат „целосен филмски третман“ проследувајќи 70-тина врвни светски филмски остварувања селектирани во 6-те програми на фестивалот.

- Партнерството меѓу Vip и Скопскиот филмски фестивал е резулат на природниот тек на нештата, од едноставна причина што меѓусебно не поврзува една многу значајна карактеритика – креативноста. Ако на ова ги додадеме комуникациите, кои се воедно тема на натпреварувачкиот дел од годинешниот фестивал, како и стремежот постојано да бидеме уникатни, свежи и во склад со потребите на луѓето, тогаш добиваме еден мотивирачки спој на заеднички одлики и вредности на Vip и Скопскиот филмски фестивал, без кои не може да се замисли модерниот, динамичен, урбан начин на живеење - изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Vip оператор.

За првпат оваа година на Скопскиот филмски фестивал се воведува и специјална натпреварувачка програма во која право на учество ќе имаат сите автори, ентузијасти и вљубеници во филмот кои ќе го прифатат предизвикот да направат едноминутен филм со помош на опрема која ја поседуваат. Учесниците во натпреварот сами ќе одлучуваат за жанрот и начинот на создавање на својот филм на тема Комуникации. Најдобрите креации ќе ги изберат посетителите на фестивалот, по пат на СМС гласање, а членовите на стручното жири ќе се одлучат за својот фаворит.

-  Задоволство е да се биде дел од еден проект кој за изминативе 10 години остави траен белег врз македонската културна јавност. Скопски Филмски фестивал е институција која и покрај ситуација со пиратеријата врз Македонските кина успеа да привлече бројна публика, да донесе филмови кои нашата публика немаше начин да ги види, да претстави автори и филмски дејци пред нашата публика. И оваа година Скопје Филм Фестивал останува верен на љубителите на филмот со своите 6 програми. Тоа е Главната програма од наградувани светски филмски хитови, Програмата Авторски Филм, „Sound and Fury(саунд енд фјури), посветена на љубителите на филмот и музиката, Анима програмата, како и селекцијата на кратки филмови. Имаме и ретроспективна програма во соработка со Кинотеката на Македонија, а истата ќе ни ја претстави Мими Ѓоѓиеска Илиевска, Директор на Кинотека на Македонија.

- Новитет е Натпреварот на едноминутен филм чии остварувања ќе може да ги следите пред секоја проекција на овој фестивал изјави Иво Антов, организатор на Скопскиот филмски фестивал.

Оваа година, проекциите на филмовите ќе се одовиваат во двете кино сали во ТЦ „Рамстор“, киното „Милениум“ и во Кинотеката на Македонија. Како дополнување на содржините на фестивалот предвидени се 30-тина разновидни придружни активности како што се изложба на филмски плакати, работилници и презентации на најновите технологии и производи во филмаската и ТВ индустрија, а нема да изостанат ниту голем број концерти и забави.

http://www.skopjefilmfestival.com.mk

Фотогалерија >>